Дејвид Брабен во Мај го претстави својот компјутер од 25 долари. Сшпред видео постирано кон крајот на минатиот месец, на овој компјутер можат да се играат и игри во висока дефиниција. Raspberry Pi е компјутер кој може да ренерира видео игри како Quake 3 на монитор со резолуција од 1920х1080 пиксели.
Играта работи со околу 20 фрејмови во секунда со осветлувањето и геометриските детали поставени на максимум квалитет. Резолуцијата од 1929х1080 пиксели малку ја намалило брзината на играта, но со оглед на ограничената брзина на Pi компјутерот, ова сепак е импресивен подвиг. Компјутерот има ARM процесор од 700 мегахерци и 128 мегабајти RAM. Тоа е околу половина од меморијата на повеќето денешни смартфони, кои исто така имаат и процесори кои функционираат со брзина од околу 1 гигахерц. Што значи дека овој компјутер е малку послаб од смартфон.
{youtube}e_mDuJuvZjI{/youtube}
На направата има слот за SD картички кои се справуваат со трајната меморија, и истата може да пушта видео и слики со 1080p резолуција. Компјутерот има USB излезен порт кој им овозможува на корисниците да користат тастатура, и HDMI излезен порт преку кој може да се поврзе со телевизор или монитор. Pi работи на верзија од Linux, опен сорс оперативен систем кој добива се поголема популарност во вакви проекти бидејќи е бесплатен за инсталација и дистрибуција. Барбен претходно изјавил дека се надева дека неговиот компјутер ќе стане достапен за јавноста кон крајот на оваа година. [This $25 computer (yes, computer!) also runs Quake 3]