Компјутер ги убеди луѓето дека е човек, за прв пат!

За прв пат во историјата, компјутерска програма успеа да убеди тим научници дека е човек, поминувајќи го Туринг тестот — бенчмарк тест за вештачка интелигенција.После 65 години откако е создадена, компјутерската програма успеа да го помине Тјуринговиот тест,односно да ги убеди луѓето дека комуницираат со човек, а не со компјутер.

Тестот го помина супер-компјутерот Јуџин Густман на тестирањето што се одржало во Royal SocietY, Лондон на 7-ми јуни 2014-та.

 Креаторите појаснуваат дека станува збор за разговорна програма која зазема улога на 13-годишно момче, а не напреден компјутер како Hal 9000. Сепак ова е возбудлив напредок во полето, а веќе почнаа критиките од импликациите на ваквите програми и нивниот постојан напредокок.

„На полето на вештачката интелигенција нема покултен и поконтроверзен пресврт од Тјуринговиот тест, кога компјутерот убедува доволен број луѓе дека е човек, а не машина,“ изјавил професор Кевин Ворвик.

„Фактот што постои компјутер што може да измами човек дека е нешто друго или некој друг е нешто што ќе оди во полза на сајбер-криминалот“, додава тој.

Програмата „Eugene“ (Јуџин) беше креирана од тим руски програмери.
- Реклама -