Компири со пармезан и мајчина душица

Споделуваме вкусен рецепт за компири со пармезан и мајчина душица. Овој рецепт не бара посебни кулинарски вештини и се подготвува многу брзо.

kompiri

Потребни производи:

– 3 лажици стопен путер;

– 25 г. пармезан или друг вид тврдо сирење, кашкавал;

– 3 г. лук во прав или 2-3 лукчиња ;

– 1 лажиче мајчина душица, може и сушена;

– сол и црн пипер по вкус;

– 8-10 компири со средна големина.

Постапката е објаснета чекор по чекор.

Исечете ги компирите на тенки парчиња – дискови.

k1Ставете ги во голем сад и додадете дел од стопениот путер, пармезан, мајчина душица, лук, сол и бибер по вкус. Добро промешајте.

k2

Со останатиот стопен путер премачкајте го калапот за мафини.

k3

Ставете ги парчињата во калапот. Компирот може малку да наѕира и над површината. Посипете црн пипер.

k4

Печете околу еден час во однапред загреана рерна на 180 ° C. Извадете го јадењето од рерната и оставате го да се излади околу 5 минути.

Извадете ги компирите – мафини од калапот и посипете со пармезан и мајчина душица. Ако не ви се допаѓа мајчината душица, можете да користите оригано, босилек или рузмарин.

k5

Добар апетит!

- Реклама -