Компир салата со јогурт и копар

Заменете ја вообичаената компир салата со кромид со поинтересна варијанта. Додадете јогурт и копар во неа. Лесно предјадење што може да го сместите во менито за овој викенд.

Состојки (за три лица): 6 компири, 2,5 дл. вода, 1 кромид, 6 кисели краставички, гранче копар, 2 кафени лажици сенф, сол, бибер, лимонов сок (по желба)

13

Подготовка: Сварете ги компирите со лушпа во солена вода. Кога ќе бидат готови излупете ги, исечете ги на плочки и оставете ги да се оладат. Потоа, додадете ги ситно исечканите краставички и копарот. Не заборавајте го кромидот исечкан во форма и големина по желба. Додадете ги сенфот, лимоновиот сок и јогуртот. Измештајте, посолете и додадете црн бибер по желба.

Добар апетит!

- Реклама -