Компанијата на синот на Муса Џафери добила тендери за струја вредни над 1.5 милион евра

Тендери во вредност од над 1.5 милиони евра добила компанијата за трговија и снабдување со електрична енергија „У-Повер“, чиј косопственик е синот на поранешниот министер и вицепремиер од ДYИ – Муса Џафери, пишува новиот број на неделникот „Фокус“.

Според податоците од Централниот регистар, пapтнер на Аријанит Џафери е Фитим Ибрахими, син на Азби Ибрахими, кој е сопственик на тетовската градежна компанија „АК-Инвест“, во чија сопственост се и две мали хидроцентрали.

„У-повер“ е основана во 2016-та, токму од синот на Џафери, а откако ги добива потребните лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, компанијата почнува да се етаблира на пазарот и да добива тендери, од кои најголемиот е овогодишниот склучен со ЈП Железници во вредност од над 600.000 евра.

Од компанијата велат дека нејзиното формирање е производ на долгогодишното пријателство меѓу Џафери и Ибрахими, а успехот се должи на нивната младост, амбиција и квалификуваност. Целата сторија можете да ја прочитате во новиот број на неделникот, кој можете да го купите и во електронска форма – ТУКА.

Муса Џафери во периодот од 2008 до 2011 година беше министер за локална самоуправа во периодот 2008 – 2011, а во периодот од 2011 до 2016 година – вицепремиер за спpoведување на Рамковниот договор.

 

 

- Реклама -