Apple го најавува лансирањето на новиот iPhone 11 за прв пат во живо на YouTube, со свечена манифестација закажана за вторник, 10 септември.
Веќе има достапен линк на YouTube, во која се вели дека видеото ќе излезе во живо во 19:00 часот тој ден. Минатата година, Apple настанот на кој го промовираше новиот iPhone се пренесуваше преку Твитер.
Американскиот технички гигант во вторник треба да претстави три нови модели на iPhone со низа нови функции. Најголемите промени ќе бидат во брендирањето бидејќи iPhone XS и XS Max, исто така, ќе станат iPhone 11 Pro.
Ова ќе биде првпат Apple да ја користи ознаката „Pro“ за iPhone. Сегашниот iPhone XR ќе биде познат како iPhone 11.
Според претходните најави, два од трите нови модели треба да имаат тројна задна камера, а наследникот на XS Max може да има малку поголем 6,1-инчен екран.
Новите модели исто така се очекува да поддржат двонасочно безжично полнење, Face ID, како и нова технологија за отпорност на удари и паѓање.