Полуфиналето помеѓу Англија и Хрватска во живо од трибините на стадионот „Лужники“ во Москва го следеа и дел од вардаровата навивачка група „Комити“. И покрај одличната општа атмосфера и еуфорија што ја носи самото присуство на натпревар на Светско, тие не заборавија на својот брат Никола Саздовски, кој за жал никогаш ќе ја нема таквата можност.
Саздо почина завчера, по цела недела помината во кома откако беше брутално претепан од припадници на навивачката група „Шверцери“.
Затоа, „Комитите“ побараа правда за Саздо и од трибините на Лужники, за да нема и други кои во иднина ќе ги снајде неговата судбина.
Нека почива во мир.