Комичар победи на изборите во Гватемала

Во Гватемала заврши гласањето во вториот круг на претседателските избори.

Изборниот ден не беше обележан со сериозни инциденти, а изборите беа набљудувани од домашни и странски набљудувачи, вклучувајќи репрезентативна делегација на Организацијата на американските држави.

Jimmy-Morales

За гарантирањето на безбедноста беа ангажирани речиси 60 000 војници и полицајци.

Комичар Џими Моралес прогласи победа во вториот круг.

“Со овој избор вие ме направивте претседател, јас добив мандат и во овој мандат јас ветувам дека ќе се борам со корупцијата” , рече Моралес, кој, според прелиминарните податоци, заработил повеќе од 70 проценти од гласовите.

- Реклама -