Пишува: Фросина Факова-Серафиновиќ, за „Независен“
„Шарените револуционери“, кои својата борба против режимот ја почнуваа од пред Специјалното јавно обвинителство, први ја закопаа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и побараа ревидирање на сите постапки на ова обвинителство. Ги фрлија маичките со трите обвинителки, а оние што не ги фрлиле, сега кога над Јанева е надвиснат сомнежот за вмешаност во земање рекет, почнале да бришат прашина со маичките. Јанева, пак, даде оставка и никој не знае каде е.
Вестите за Јанева ги шокираа и обвинителите во СЈО, но брзо се созедоа, заеднички се оградија од неа и порачаа дека СЈО не е Катица Јанева. Обвинителката Ленче Ристоска излезе од бункерот во кој ја сокри токму Јанева и им порача на политичарите да не си играат со институцијата. Сега останатите обвинители како да се растоварија од нејзиното влијание. Последната година единствено само Јанева се појавуваше во јавноста и даваше изјави со пораки дека неа никој не може да ја смени… ПРОДОЛЖУВА НА „НЕЗАВИСЕН“ (ЛИНК).