Колумна на Бранко Героски: Сакаме пратеник нeзависник!

Извадок од колумната на Бранко Героски, објавена на „Плусинфо“.

… Впрочем, пола доза колумна потрошив на човек што вчера сам си ја оконча политичката кариера. Втората половина сакам да ја посветам на неговите бранители, на тие што јавно се ставија на страната на Павле и кои бараат да се засрамиме ние што немаме разбирање за постапката на хировитиот пратеник.

Апологетите Павлеви и на власта – истите се, де, ги научивме веќе – нас, луѓето на кои не им се допадна поведението на „лидерот на Шарената револуција“ (избран кога, каде и од кого?), нè нарекуваат „малограѓани“, „сеирџии“ и со други погрдни зборови. И нормално, политички веднаш нè рубрицираат во графата „вмровци“. Тоа е наједноставниот начин на дискредитација.

„Издржи Павле“, вреват на цел глас. Зашто, замислете, барањето оставка од пратеникот Богоевски да ти било „рушење на Заев“. А што баш на Заев? Не сум чул и Заев да набавува „пола“. Ах да, сфаќам, брендот „Заев“ на апологетите им служи за оправдување и за релативизирање на кpиминaлoт, кopyпцијата, непотизмот и на другите слабости на оваа власт. Така и приказната за Мира Дизел, нели, беше „рушење на Заев“.

Е па вака, другари „големограѓани“, простаци и ропаци. Време е нешто да научите…“. Колумната можете да ја прочитате и дочитате на следниов ЛИНК.

 

- Реклама -