Пишува Горан Адамовски, за „Независен“
Грците направиле маички со кои се потсмеваат што во Скопје се вадело шеснаесеткракото сонце од Кутлеш на шахтите по улиците, тврдат некои овдешни медиуми. Битолчанец го враќа ударот, па со спреј го црта сонцето по шахтите. За сето тоа време, непознати јунаци длабоко во ноќта ги оштетуваат таблите пред спомениците на Александар Македонски и Филип Втори, на кои пишува оти се дел од хеленското наследство. И, на крајот, македонската влада, која цела деценија додека беше во опозиција обвинуваше за грабеж со „Скопје 2014“, ќе поставува засилена стража за да ги зачува најекспонираните споменици од тој контроверзен проект.
Тешко е да се пофатат сите глупости што се случуваат деновиве, по истекот на шестмесечниот рок од официјализирањето на договорот за името. Властите започнаа да ја применуваат точката што предвидува отстранување и неупотреба на поранешното знаме на јавен простор од страна на јавни и државни институции. Шесте месеци изминаа среде аферата „Рекет“, која веројатно беше добредојдена за пренасочување на вниманието на јавноста, иако, имајќи предвид дека сите точки од договорот се чувствителни за добар дел од Македонците, не е за верување оти некој друг термин ќе поминеше незабележано“… ЦЕЛАТА КОЛУМНА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА (ЛИНК).