Извадок од колумната на Сашо Кокаланов, за ПРИЗМА/БИРН
… Ако ја прифатиме тезата на премиерот Зоран Заев дека гej е ceкcyална ориентација, а педep – карактерна особина, тогаш без многу „оклевање“ може да стасаме до заклучокот изнесен во насловот на оваа колумна. Но, дозволете, сепак, малку пoeкcплицитнo да ја објаснам множината во пласираната теза.
Да, Боки Тредичи, независно која од четирите букви на акронимот LGВТ ја чувствува за своја (ceкcyaлнaта ориентација е навистина неважна за текстов), педepcки ја изигра вашата доверба. Но, проблемот на Зоран Заев и на оваа власт не е само тој еден педep, заедно со оној „кичевскиот“ рекет-партнер, ниту фактот што толку добро и мангупски ги насанка. Еден, двајца педepи, дури и во очигледна комбинација со неколку педepcки странски служби, не ѝ можат ништо на оваа влада.
Но, што правиме со другите педepи? Тие што се инсталирани во највисоките кругови во судско-обвинителската власт и се моткаат околу Заев во политичката власт.
Претпоставувам, Заев знае дека тоа што ја иритира јавноста (а видовме и претседателот Стево Пендаровски) не е толку рекетот на онаа галантна будалетинка со ВИП-пристап до политичката и обвинителската елита, колку што е чувството дека целата истрага се води педepcки и што реакцијата на системот остави огромен простор да се верува дека има бyљaши што се малку позаштитени од другите бyљaши… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.