Португалски историчар верува дека ја решил 500 години старата мистерија за вистинскиот идентитет на Кристофер Колумбо. Идентитетот на еден од најпознатите истражувачи во историјата долго време бил предмет на разни шпекулации. Но овој историчар вели дека по напорно истражување на средновековни хроники и документи најпосле ја открил вистината.
Според изворите од тоа време велат дека Колумбо бил роден во италијанското пристаниште Џенова, во семејство на производители на волнени производи. Но во наредните неколку векови тој станал Грк, Шпанец, Французин, Португалец па дури и Шкотланѓанец. Некои историчари тврдат дека неговото вистинско потекло било прикриено поради еврејските корени или поради тоа што бил шпион на португалското кралско семејство.
Но, оваа најнова теорија тврди дека големиот навигатор, кој умрел во 1506 година по четири успешни патувања до Новиот Свет, всушност имал кралска крв: тој бил син на кралот Владислав Трети кој наводно бил убиен во Битката кај Варна во 1444 година. Во неговата трета книга на оваа тема, Мануел Роса, кој има поминато 20 години истражувајќи го животот на Колумбо, тврди дека Владислав Трети ја преживеал битката против Турците, и избегал да живее во егзил на островот Мадеира каде што станал познат како „Хенри Германецот“ и се оженил со португалска благородничка.
Роса верува дека бил договорен заговор за прикривање на вистинското потекло на Колумбо за да се заштити идентитетот на неговиот татко. „Европските дворови знаеле кој бил тој и ја чувале неговата тајна поради лични причини. Нашето разбирање за Кристофер Колумбо веќе пет векови се темели на погрешни информации. Не можевме да ја решиме мистеријата бидејќи баравме погрешен човек, следевме лаги кои се прошириле на меѓународно ниво само за да се прикрие неговиот вистински идентитет“ изјавил Роса.
Неговото потекло објаснува како Колумбо успеал да се ожени за ќерка на португалски благородник 15 години пред неговото прво патување. „Бракот бил одобрен од кралот на Португалија, нешто што не би се случило ако митот дека Колумбо пристигнал во Португалија откако преживеал бродолом е вистина. Неговото познавање на географија, астрономија, алгебра, картографија како и фактот дека користел шифри во комуникацијата со неговите браќа се посочува кон врвно овразование. Тој очигледно бил образован човек, а не самоук како што вели митот.“
Роса тврди дека докажал дека тестаментот на Колумбо, на кој е запишана годината 1498, во кој тој пишал „јас, роден во Џенова“ бил фалсификат создаден 80 години по неговата смрт од страна на Италијанци со презиме Колумбо кои сакале да го присвојат неговото наследство. Меѓу другите докази за неговата теорија кои ги дава господинот Роса се и сличноста на грбот на Кристофер Колумбо со оној на полскиот крал, како и сликата на истражувачот која се наоѓа во Алказар во Севилја на која има скриена круна на неговиот ракав. Дополнителен доказ е и фактот дека тој имал „црвеникава коса, светла кожа и сини очи – црти кои се карактеристични за Полска.“
Следен чекор е докажување на неговото кралско потекло преку вадење на ДНК од гробниците на полските кралеви и споредување со ДНК-та на неговиот син, чии посмртни останки се наоѓаат во катедралата во Севиља. „Испратив барање до катедралата во Краков за да ги проучам останките на Владислав Втори, кој јас мислам дека му е дедо на Колумбо. Тоа ќе ја потврди мојата теорија“ вели господин Роса. Проект, лансиран пред пет години, чија цел била откривањето на вистинското потекло на Колумбо користејќи споредби на ДНК на неговото семејство и можните потомци бил неуспешен. Тим научници зеле примери од неговиот гроб во Севиља и од коските на неговиот брат и син и ги споредиле со примероци од 477 луѓе од цела Европа чии презимиња биле модерни варијации на Колумбо. [Christopher Columbus ‘was son of Polish king’]