Колку знаете за нашата планета?

1228229932.jpg Ви претставуваме неколку интересни факти за нашата планета. Дали знаете кое е најтоплото место на планетата? Дали знаете кое е најладното? Најдлабокото? Колку минерали постојат? Овде ги имате одговорите на овие, а и не многу други прашања поврзани со планетата Земја.

planet-earth-thumb3228813.jpgНајжешкото место на Земјата?
– Се сметаше дека е Долината на Смртта во Калифорнија, но сепак, на првото место е Ел Азизиа во Либија. Таму е измерена температура од 57.8 Целзиусови степени на 13 Септември, 1922-најголемата температура некогаш измерена.

Најладното место на Земјата?
– Најниската температура некогаш измерена на Земјата е -89 Целзиусови степени, во Вотсток, Антартик на 21 Јули, 1983. ж
( Јули? )

Дали Месечината секогаш била толку близу?
– Порано била поблизу! Пред билиони години, Месечината била во потесна орбита, и биле потребни само 20 дена таа да ја заобиколи Земјата, правејќи еден месец. Тогаш денот на Земјата траел само 18 часа. Месечината сеуште се движи подалеку – 4 центиметри годишно! Во меѓувреме, ротацијата на Земјата се смалува, правејќи ги деновите подолги. Во далечна иднина, денот на Земјата ќе трае 960 часа!

Кое е најсувото место на Земјата?
– Местото Арика, во Чиле. Таму во просек има само 0.76 милиметри дожд-годишно. Со овој просек, би биле потребни векови за да се наполни шолја кафе.

Колкава е површината на Земјата?
– Земјата има 510,100,000 квадратни километри.

Кое е најдлабокото место на Земјата?
– Најголемата позната длабочина е 11 километри, во Mariana Trench, на Пацификот, јужно од Јапонија.

Колку минерали постојат?
– Грубо кажано, има околу 4.000 откриени минерали, од кои само 200 се од голема важност. Просечно, од 50 до 100 минерали се откриваат секоја година.

Во просек, колку вода се троши дневно?
– Се троши околу 400 билиони галони.

Колку од Земјината површина се пустини?
– Околу 1 третина.

Каде се најголемите бранови на Земјата?
– Во Burntcoat Head, место во Нова Скотиа, брановите достигнуваат до 11.7 метри.


Ова се само 10 од неверојатните факти за планетата Земја. За останатите факти, вкупно 101, кликнете овде
 

- Реклама -