Колку злато можеш да извлечеш од стариот компјутер?

board[1]

Златото е одличен проводник, па се користи и во најважните компјутерски компоненти. RAM меморијата содржи најголемо количество злато. Колку злато? Cody’sLab реши да провери, собирајќи голем број пинови од RAM мемориски чипови, од кои потоа го екстрахираше златото со цел да ја измери количината што може да се добие од ваквата рециклажа.

За жал, резултатите не се такви какви што сите се надевавме. Коди успеа да собере над десетина RAM мемории, но просечен стар компјутер има најмногу два такви чипа. Со помош на хемиски реакции, Коди успеа да екстрахира одвај третина грам злато, но дури ни таа третина не е доволно чиста. Сé на сé, во најдобар случај, можете да извлечете до 8 евра од компјутер, кои никако не вредат за сиот труд потребен за да го екстрахирате златото.

- Реклама -