Колку заработуваат светските диџеи?

Објавена е новата листа на најплатени светски диџеи. Калкулирана е вкупната заработка што секој од нив ја има остварено, од почетокот на кариерата.

На тронот седи Tiesto, со инкасирани 90 милиони долари. Зад него се Avicii со заработени 60 милиони долари и Armin van Buuren со 46 милиони. На четврто место е Deadmau5 со 45 милиони, а петти е Kaskade со заработени 35 милиони долари.

tiesto-fejsbuk-1395594133-467197[1]

Изненадувачки, на шестото место се наоѓа Moby, кој на почетокот на 90-тите, од диџејство заработил 30 милиони долари. Зад него, на листата се наоѓа Skrilex со 28 милиони долари.

skrileks-foto-pr-1403943537-524703

Меѓу 15-те најплатени се наоѓаат и Fatboy Slim (23 милиони), Hardwell (17 милиони), Carl Cox (16 милиони), Zedd и Diplo (15 милиони), Martin Garrix (14 милиони), Richie Hawtin (8.5 милиони) и Eric Prydz (4.5 милиони).

- Реклама -