Колку заработува еден просјак во Лондон?

Демијан Бут патува околу 320 километри од Престон до Лондон, за да проси пред луксузен ресторан во соседството Меjфер, Лондон. Неговото име стана познато откако тој објави на социјалните мрежи своја слика со основачот на шоута за таленти Сајмон Кауен и се пожали дека ТВ продуцентот му дал само 20 фунти. Ова ги испровоцира таблоидите во Англија да направат истрага за тоа кој е тој. Резултатите од нивните истражувања се интересни. Бут има 37 години и се разбира – не работи.

Од четврток до недела тој патува секој ден од Престон до Лондон, за да проси пред елитни ресторани, со тоа што го претпочита либанскиот ресторан во Мејфер. Таму богаташите  честопати му остават солидни суми. Благодарение на овие пари, за последните 6 месеци тој одел на одмор во Монако, Париз, Белгија и Ибица.

Живее во пристоен стан со изнајмување од 300 фунти месечно, иако на луѓето, од кои проси пари, им вели дека е бездомник од 5 годишна возраст. Негов пријател вели пред Sun, дека Демијан направил 4 500 фунти за време на празниците, вклучувајќи 1.000 фунти од еден богат Арап пред Dorchester Hotel. Портирите на луксузните хотели во Лондон се жалат од него пред полицијата постојано, велејќи дека Бут е арогантен со нив и ги чека гостите насекаде, за да им изнуди пари. Во Монте Карло, пред таблоидите Бут ги негира твредњата дека е арогантен, со тоа што вели дека неговите патувања во странство биле со цел да проси и дека бара работа.

Весникот Sun наводно, го следел во продавница, каде Бут си купил монтажна скара, туш кабина и кафемат, со тоа што плаќал во кеш.

pat

- Реклама -