Колку вредат автомобилите на полицајците во Абу Даби?

Импресивниот возен парк на полицијата во Абу Даби само што стана уште поимпресивен – сега тамошните чувари на јавниот ред и мир на располагање го имаат и Lykan Hypersport кој вреди 3,4 милиони долари.

Автомобилот располага со 3,8-литарски агрегат од Porsche кој развива неверојатни 770 КС, што се пренесуваат преку 7-брзински менувач со двојна спојка. Од 0 до 100 km/h возилото забрзува за 2,8 секунди, додека пак максималната брзина е ограничена на 385 km/h.

Со Lykan Hypersport како член на „сината флота“, сите оние кои ќе сакаат да го прекршат законот ќе бидат принудени да користат тјунирани Lamborghini модели или пак автомобили како Koenigsegg One:1. Тоа е цената која што ќе мора да ја платат криминалците во Абу Даби.

- Реклама -