Колку старее кожата доколку не ја отстранувате шминката навечер?

Традиционалниот мајчински совет ве предупредува да ја тргнете шминката пред спиење за кожата да не би стареела. Меѓутоа, се чини дека оваа лекција многу млади девојки ја немаат добро научено.

Навиката од студентските денови да се преспие со шминка кај младите девојки се протега до средината на дваесетите, а речиси половина млади девојки признаваат дека овој грев кон нивната кожа го направиле во пијанство.

33055_zaglavlje-skidanje-sminke01_RAS_foto-shutterstock_300x0

47.9% од девојките до 30 години изјавиле дека преспиваат со шминка најмалку еднаш неделно, а речиси третина признале дека ова им се случува и по два пати, покажале резултатите од истражувањето спроведено во Велика Британија кое го пренесува „Mail Online“.

Повеќе од половина, 57.5% од испитаничките признале дека главната причина за ова е пијанството и дека после неколку пијалоци не сметале дека ќе биде проблем да легнат без да ја отстранат шминката. Освен тоа, тие признале дека се свесни за штетните нус-појави од овие навики, а повеќе од третина како последица на оваа навика искусила сува и дехидрирана кожа, додека 13,4% откриле дека трепките им станале поретки.

Повеќето млади девојки, 79,8% одговориле дека им било потребно помалку од 10 минути да ја тргнат шминката, но и покрај тоа, барем еднаш неделно не биле способни да го направат тој напор. Воглавно се проценува дека поради оваа навика лицето старее во просек 2,15 дена, што значи дека кожата старее 111 денови годишно или повеќе од три и пол месеци.

Не постои изговор да не ја извадите шминката , тврдат експертите и воедно предупредуваат дека вистинските последици од оваа лоша навика се забележуваат со текот на годините.

- Реклама -