Колку смартфони беа продадени во 2015-та?

Во 2015-та година во светот биле продадени повеќе од 1,4 милијарди смартфони, што значи вкупно 10% проценти раст во споредба со 2014-та година.

618x345

Податоците на американската компанија за истражување на пазарот и анализи International Data Corporation (IDC) покажуваат дека растот при продажбата на паметни технологија, главно се должи на пазарите во земјите во развој.

Доминантен оперативен систем на пазарот на мобилната технологија во светски рамки е Android – со 82,8% удел на сите оперативни системи.

Глобалниот лидер во продажбата и најголем производител на паметни технологија во светот за четвртиот квартал на 2015-та останува јужнокорејскиот гигант Samsung, чија што пазарна стратегија остана насочена кон поевтини паметни технологии.

Samsung продал 85,6 милиони паметни телефони во последната четвртина на годината и има 21,4% удел на пазарот.

Главните конкуренти на Samsung се Apple со 18,7% удел на пазарот во четвртиот квартал – со продадени 74,8 милиони Ајфони што е 1% повеќе од 74,5 милиони до крајот на 2014.

По двата гиганти, според обемот на продажбата се рангираат производите на кинеските паметни компании Xiaomi, Huawei и ZTE.

- Реклама -