„Колку си имала пред мене?“

Иако сме сексуално либерална земја, очигледно на мажите сепак не им е за потценување бројката со која што ќе ги соочите.

Некогаш одамна, сексот за една ноќ бил ендемска појава, додека денес на него се гледа како на задолжително образование. Со такво изместено мислење на вредности, личноста која долго време не е во сериозна врска, дури и ако не е промискуитетна, многу лесно може да достигне двоцифрен број на партнери.

Замиливме неколку мажи да ни признаат колку им е всушност важен бројот на мажите со кои што жената спиела пред нив. Признаваме дека сме изненадени од гореливоста на која што налетавме, бидејќи мажите се уште веруваат во филозофијата според која жените треба да застанат на првата рака, ако сакаат да бидат сфатени сериозно.

Да слушнеме, што велат тие.

„ Бројот на партнери сигурно би ме одбил. Не знам колку парнери е премногу, но секако колку повеќе, толку полошо. Првенствено поради страв од преносливи болести, но и либералниот став на таа личност кон сексот“, Марко 28.

„Ако е бројката поголема од 10, тешко ќе се носам со тоа“, Дарко 27.

„ Не ми пречи искусна девојка. Но ако сакам да ми биде сериозна врска не сакам да го брои пола град на прсти“, Диме 30.

„ Бројот на мажи со кои што девојката спиела, многу говори за тоа дали таа е материјал за врска или не е. Ако сум за врска, бројот ќе ми биде важен“, Нено 20.

„Апсолутно ми е важен бројот. Ако имала 15 мажи, ќе ја посакам само за заштитен секс за една вечер. Конзеративен сум“, Бојан 24.

„ На моја среќа девојка ми не ме излажа дека спиела со двајца, туку ми ја кажа вистината дека имала 10. Не само што не ми смета, туку убаво е што знам дека со неа искрено можам да разговарам за се и дека не и е дојдено веќе до никој друг“, Бранко 29.

06-couple-in-bed-main

- Реклама -