Јакуб Мариан, е чешки математичар и аналитичар, кој што направи карта на Европа за просечниот коефициент на интелигенција меѓу земјите.Тој користел податоци од 2007 година, објавени во научниот труд „Г факторот на меѓународна споредба на когнитивни способности“ од Хајнер Риндерман, кој пак, користел податоци од тестовите за интелигенција спроведени во земјите во Европа. Лидер на листата е Финска, со коефициент 103.
Погледнете како стоиме во споредба со Балканот
Најмал коефициент има Албанија – 83, кој се смета за просечен.
Потоа е Босна и Херцеговина со коефициент 84, Турција со коефициент 88 и Македонија со коефициент 88.
Малку над нас се Хрватска со 90, во Србија 91, а во Словенија изнесува 99.