Вие тетке, колку ружи имате во кошницава?
-Па, имав 120, останаа уште 100-ина синко. Да не сакаш да купиш една?
Не тетке. Дај ми ја кошницата. Земи ги париве и оди си дома, бегај од студов. Тебе ќе те направам среќна жена вечерва, а за онаа мојата… што бар некад беше моја, ќе и оставам надеж пред врата со оваа кошница. Надеж за нашата љубов. Ниедна ружа не ме спасува. Ама знам дека ги сака. Ќе ги искине од бес, а после ќе ги гледа и ќе плаче. Ја знам како дише, тетке. Ја знам како сонува. И го знам душичето, а и она моето. Ама ме крши. Ме крши со секој огорчен поглед, ми ја пара душава како со парче стакло. Јас ја заебав. Сега ќе ме заебува секој еден нејзин поглед. Се до крајот на животот. Еднаш се љуби, во се друго само демек се заљубуваш. Оди тетке, те смрзнав тебе на студов и со мојава прича. Земи парите и оди.
Автор: Сања Стојковска