Колку различни оргазми може да доживее жената?

Даниел Бергнер ја објави провокативната книга „Што сакаат жените“ која ќе смени се што до сега знаете за жените. Истражувањата претставуваат пионерски потфат во современата сексуалност и ги соочуваат читателите со контроверзни, понекогаш незгодни откритија.

Врз основа на темелни истражувања и бројни интервјуа со бихевиористи, Бергнер го преиспитува традиционалното поимање на женската сексуалност.

life_ac_what-do-women-want_book_640x480_0

Дел од книгата „Што сакаат жените“

Шанти, поранешна манекенка која само што наполни 50 години, ги собу чизмите, ја симна црната нараквица и герданот во стилот на тантра воинка. Го соблече фустанот и останатата облека и го намести телото под чаршавот, а русата коса во отворот на уредот за магнетна резонанца.

Тоа беше во Њуарк, во лабораторијата на универзитетот Rutgers, со широки стаклени ѕидови меѓу собите. Од едната страна на прозорот имаше цилиндар, а Бари Комисарук, научник од универзитетот, и Нан Вајс, сексуална терапевтка и докторски кандидат во неговата програма, од другата. Ја гледаа Шанти додека се местеше.

Во текот на следниот час мастурбираше на различни начини. Се служеше со прстите за надворешниот дел на клиторисот. Се служеше со вибратор за да ја стимулира нејзината Г точка и вратот на матката. Подрачјето на клиторисот, Г- точката, вратот на матката – од Шанти и другите жени субјекти научниците се обиделе да добијат јасни слики за подрачјето на мозокот кои стануваат активни во текот на три различни видови на оргазам.

Комисарук, весел маж во шеесеттите години со седа коса, сам смислил и правел проѕирни, аеродинамични вибратори за да ја олесни внатрешната стимулација без контакт со надворешниот дел на клиторисот. Купувал пластични шипки, ги загревал дома во печка и ги виткал според неговите спецификации.

Тантра воинка е занимањето на Шанти што сама го создала. Некогаш била на насловната на магазинот Elle, а сега заработува за живот на Менхетен и во летувалиште во Лонг Ајленд проучувајќи ја еротската мудрост на вечерните седенки што ги одржувале неуспешни луѓе во еротиката или во потрагата по еротика. На Комисарук и Вајс им требале субјекти како таа. Личност на која не и сметало јавно да мастурбира со звуковите на уредот за функционална магнетна резонанца.

„Кога ќе бидете близу до оргазам“, рекла Вајс, „само подигнете ја раката“.

Шанти започнала со клиторисот под чаршавот. На Комисарук, во војнички панталони и светлосина кошула, и на Вајс, во едноставна црна сукња и свилена блуза, сега им се придружи Вен Лин, кинески физичар и експерт за толкување на нервни реакции, во бел лабораториски мантил. Наизменично гледале низ прозорот и се загледувале во екранот на нивната страна на стаклото, гледајќи како мозокот на Шанти се расветлува во безброј точки…

- Реклама -