20 долари на час или помеѓу 5 и 15 илјади во сезона заработува еден добар имитатор на Дедо Мраз. Колку пари сепак би земал вистинскиот добар старец, ако го плаќаше една држава?
Според финансиери, прашани од американскиот осигурителен сајт Insure.com, Дедо Мраз би требало да добива 140 илјади долари годишно за да го обиколи светот, да управува со санката со ирваси и да ја оствари листата со подароците.
И бидејќи Добриот старец ги извршува функциите на многу професии, би требало да му се плаќа за секоја од нив.
Најмногу профитабилна би била неговата улога на инжинер за производство на играчки, која би му донела 115 илјади долари. За грижата на елените тој би добивал 4347 долари годишна плата. Ако пак проверката на листата со подароците, што ја прави два пати годишно, се смета за сметководствена дејност, тоа би му донело уште 537 долари годишно.
Дедо Мраз практикува и уште 15 професии, меѓу кои возач на санка, дегустатор на бисквити, детектив (кој ги следи дали децата се послушни) и други.