Колку од штетните честици блокираат маските против аерозагадување за велосипедисти?

Аерозагадувањето убива, а една од мерките на властите во урбаните средини е промоција на користењето на велосипеди. Од друга страна, никој не сака да вози велосипед во загаден град, особено во градови со рекордно аерозагадување како нашите, со тоа дополнително изложувајќи се на штетните емисии од автомобилите (за разлика од самите возачи) и другите видови на загадувачи. Некои сметаат дека решение се маските против загадување, или барем оние специфично наменети за велосипедистите. Но…

Истражувањето на Фулвио Амато од Институтот за истражување на животната средина и проценка на води во Барселона, покажува дека не е баш така. Амато тестирал девет од комерцијално достапните маски за филтрирање на аерозагадувањето наменети за велосипедисти, а резултатите покажале дека најдобрите од нив филтрираат речиси половина од најштетните честици што велосипедистите ги вдишуваат.

Прочитајте и:  Меџити: Со комплексот на мерки кои ги преземаме полека но сигурно ќе влијаеме да има почист воздух и почиста животна средина

Од една страна, тоа е значителна количина. Од друга страна, прашање е дали е доволна.

Повеќе детали можете да прочитате на New Scientist, но ќе мора да платите за текстот.

- Реклама -