Оваа мапа направена од Јакуб Мариан покажува колку всушност неработни државни празници одмараат Европјаните. Притоа не се сметаат оние државни празници што секоја година паѓаат во недела, како што е Велигден.
Во Швајцарија и Словачка, на пример, според мапата, се одмара повеќе отколку каде било на друго место во Европа, дури и до 16 дена во годината. Шведска, Турција и Шпанија го делат второто место со 14 неработни денови.
Велика Британија има 11 државни празници, со тоа што таму празниците не се неработни. Делумно, на Британците тоа им е компензирано со тоа што имаат 28 дена платен годишен одмор.
Холандија пак, има 8 државни празници.
Ако погледнеме на глобално ниво, најмногу се празнува во Азија (8), па во Латинска Америка (4), па Западна Европа (3), Централна и Источна Европа (3), на Блискиот Исток и Африка (2), па на крајот Северна Америка.
Меѓутоа, Јакуб Мариан не напоменува дали и колкава тенденција постои во Европа да се спојуваат празници, како што е тоа на пример кај нас.