Ако Мет Дејмон има ќеф нешто да глуми, тоа е лик што сé некако ќе се најде сам некаде уџум, па други мораат да го спасуваат.
Еден Австралијанец, мотивиран од поставеното прашање на популарниот портал Quora, кое гласи: „Колку пари се потрошени на враќањето на Мет Дејмон од далечни места?“, реши да пресмета колку уствари ние (човештвото) плаќаме за Мет Дејмон да остане жив. Според него, има два одговора на тоа прашање:
Првиот се однесува на филмските буџети, а пресметката е лесна – 729 милиони долари. Другиот одговор е по негова слободна проценка, а се однесува на тоа колку би не чинело вистинското постоење на ликовите што Мет Дејмон ги глуми во холивудските блокбастери. Сметката изгледа отприлика вака:
1. Во Courage Under Fire (1996) – 300.000 долари
2. Во Saving Private Ryan (1998) – 100.000 долари
3. Во Titan A.E. (2000) – 200 милијарди долари
4. Во Syriana (2005) – 50.000 долари
5. Во Green Zone (2010) – 50.000 долари
6. Во Elysium (2013) – 100 милиони долари
7. Во Interstellar (2014) – 500 милијарди долари
8. Во The Martian (2015) – 200 милијарди долари
Сума сумарум, вкупната цифра, по слободна проценка на Австралијанецот Кајнан Енг, се движи некаде околу 900 и кусур милијарди долари. Така да, дај некој нека го затвори човеков, да не заглавува веќе во неволји.