Колку место зафаќа човештвото кога би го собрале на купче?

Секогаш забавниот Vsauce канал на YouTube дојде до интересна замисла. Што ако би ги ставиле сите 7 милијарди луѓе на планетата на едно место? Што ако тоа место е Големиот Кањон? Верувале или не, тоа би изгледало вака:

http://i.kinja-img.com/gawker-media/image/upload/s--n1X9I4zn--/s9y2eb8pfruhnmr6jivc.gif

Да, тоа е се. Ние сме само едно мало купче мравки на Земјата, а сепак успеваме толку драстично да ја промениме.

БОНУС ФАКТ: Дури и да ги земеме сите луѓе што некогаш живееле на планетата (се проценува дека таа бројка се движи околу 106 милијарди) и ги ставиме во истото купче, нема да можеме да го наполниме Големиот Кањон. Дури ни значителен дел од него. За споредба, Големиот Кањон е длабок 800 метри, долг е 446 километри и широк од 6.5 до 29 километри.

- Реклама -