Колку месеци и „специјалци“ се потребни за прописно да се развее едно македонско знаме?

ВЕЛЕС НЕ Е МРТОВ ГРАД, ТОА СИТЕ НЕКА ГО ЗНААТ!

Пишува: Стоилко Андреевски

Повеќе месеци знамето на Република Македонија, во центарот на Велес, се вее на половина јарбол. Преку написот „Велес не е мртов!?“ упативме отворена критика на градоначалникот и на Општината за да го поткренат знамето на местото каде што треба да стои. Но, нашето укажување беше како глас во пустина. Од општината молк. Знамето и понатаму се вее на средината на високиот столб. Реагираат и велешани. Не чини знамето да биде на пловина копје. Тоа е знак на жалост, велеа.

Но, верувале или не, кобењето дојде. Во пламените јазици згасна животот на три млади животи, три деца, од една, три и пет години. Згаснаа три цвета. Општината прогласи ден на жалост. Помина и тој ден. Знамето нити погоре ниту подоле не се помести. Остана на средина на јарболот.

И покрај тоа што Велес со транзицијата стана град на стечајци, социјалци и невработени и што денес е еден од најсиромашните градови сепак не е толку се црно за државното знаме заканувачки на тага и жал и понатаму да стот на половина јарбол. Побаравме повторно одговор од градоначалникот Аце Коцевски.

„Точно е дека повеќе месеци знамето е на половина јарбол но, ние не сме виновни за тоа. Знамето не е под наша надлежност. Ги оправдувам реакциите на велешани. Но, за да се подигне знамето потребно е да дојде „специјален“ човек од Скопје. Сите државни знамиња, во целата држава, биле грижа на „специјална“ фирма, што предходната Влада ја формирала, а колку што знам сегашнава Влада нема извршено никакви измени. Секој столб, на кој се наоѓа знамето, се отвара и затвара со клуч. Побаравме неколку пати да ни испратат вработен да го реши проблемот, но, до денес никој не дојде. Повторно ќе бараме“, ни рече градоначалникот Коцевски.

И така се додека „специјалниот“ вработен од Скопје,фирмата за жал не ја дознавме, не дојде и со клуч не го отвори системот, кој се наоѓал на долниот дел на јарболот, државното знаме во Велес ќе се вее на половина копје.

Колку ли работа имаат тие во Скопје што со месеци не можат да дојдат во Велес. Па Велес не е на крај на светот. На четириесетина километри е од метрополатата!

Граѓаните на Велес и понатаму секојдневно минуваат покрај високиот јарбол и знамето. Молчејќи шепотат : „Нека се вее,но, нека не коби. Велес не е мртов град.Тоа сите нека го знаат. Низ вековите имал и потешки проблеми но, секогаш ги победувал. И овој пат ќе победи!“.

Шепотат велешани и го чекаат „специјалниот“ човек од Скопје да дојде . А до кога ќе го чекаат?.Тоа засега никој не знае!? Дотогаш, како што велат велашани, нека се вее знамето па и на половина копје,ако е, но, нека не коби!

виа Фејсбук

- Реклама -