Многу работи ги жртвуваат мажите поради економската криза, но добриот изглед не е една од нив.
Продажбата на производите за нега на кожа на мажите во Велика Британија пораснала за 20% во последните пет години, а особено добро одат луксузните препарати.
Истражувањето кое го спроведе англиската агенција „Mintel“ открива дека продажбата на машка козметика донела 67 милиони евра, што е скок за околу 3,6 проценти за година дена.
Хидратацијата на машката кожа по се изгледа дека е најважна, бидејќи ваквите производи ги користат дури 42% од мажите, додека средствата за чистење на порите ги користат 22%.
Околу 23% од мажите користат балзам за усни, а 16% редовно користат влажни марамчиња за чистење на лицето.
Кремите за подрачјата околку очите и геловите со истата намена ги користат 7%, додека ист процент користат маски за лице и пилинзи.