Колку Македонија придонесува за светот? (табела со 163 земји)

Организацијата Good Country го објави својот истоимен Good Country Index, кој мери колку една земја, со својата големина и бројност, допринесува или му штети на општото добро на човештвото и светот.

Индексирани се 163 земји врз основа на 7 критериуми: 1) светски допринос во науката и технологијата, 2) култура, 3) меѓународен мир и безбедност, 4) светски поредок, 5) планета и клима, 6) просперитет и еднаквост, и 7) здравје и благосостојба.

Првото место во „генералниот пласман“ ѝ припадна на Шведска, а зад неа се Данска, Холандија, Велика Британија, Швајцарија, Германија, Финска, Франција, Австрија и Канада.

Во вкупниот пласман, Македонија е 65-та. Што се однесува до поединечните критериуми, најдобри сме во аспект на наука и технологија – се наоѓаме на 27-то место на листата. Другите баш и не се за фалење.

Најлоши, пак, сме во областа на меѓународниот мир и безбедноста, и здравството и благосостојбата (125-то и 119-то место, соодветно).

Во регионот, во вкупното рангирање, Словенија  е 28-ма, Бугарија е 29-та, Грција е 32-ра, Романија е 36-та, Хрватска е 40-та, Србија е 48-ма, Црна Гора е 55-та, па Македонија (65-та, нели), па БиХ (74), па Албанија (109).

На последното 163-то место е Либија.

Како што е наведено на сајтот на самата организација, преку користење на широк спектар од податоци на Обединетите нации и другите меѓународни организации, Good Country сакала да направи биланс за секоја земја, за лесно да се види дали придонесува за човештвото, дали е товар за планетата, или е некаде помеѓу. Целта на индексот, велат, е да се започне глобална дискусија околу тоа како земјите можат да прават рамнотежа меѓу должноста кон своите граѓани, од една, и одговорноста која ја имаат кон светот, од друга страна. Бидејќи ова второво, велат, е клучно за иднината на човештвото и здравјето на планетата.

Подетални резултати за Македонија по секој критериум погледнете ТУКА.

Комплетната табела ТУКА.

- Реклама -