Колку луѓе од вашиот знак се потребни за да се смени сијалица?

Смешен начин да се опише природата на хороскопските знаци.

Овен : Само еден. При тоа може да смени не само сијалица!!!

Бик : „Претпочитам природна светлина. И апсолутно сигурни ли сте дека старата сијалица е прегорена? Мразам да фрлам работи кои би можеле да се корисни!”

Близнаци : Еден веројатно е најдобрата опција, бидејќи ако се повеќе од еден, ќе потонат во разговори и целосно ќе заборават на сијалицата …

Рак : Четворица. Еден рак и тројца психотерапевти кои ќе им помогнат во фрустрирачкиот процес на промена.

Лав : Вистинските лавови не менуваат светилки! Вистинските лавови наоѓаат некој друг да го направи тоа наместо нив.

Девица : Токму 1,655221 лица во просечен случај.

Вага : „Добро, де, ќе го направам … освен ако ти не си така добар да го завршиш наместо мене, но очигледно си многу зафатен во моментов … па затоа ок … Ако сепак, не сакаш ти да ја смениш? ”

Скорпија : Ниту една. На скорпиите не им е страв од темнина!

Стрелец : „Сонцето сјае, птиците пеат, животот е пред нас, а ти се фати за некоја глупава сијалица?!?!?!”

Јарец : „Немам време за глупости.”

Водолија : „Види сега, енергијата е материја, а дали материјата е енергија уште не е докажано, но сигурно светлината е форма на енергија и бидејќи сијалица е материја ….”

Риби : „Која крушка? “

- Реклама -