Колку лаборатории, толку резултати… А една иста крв! Граѓаните загрижени

Лабораториските анализи на крвта се важни за дијагнозата на пациентите, но само кога се точни, пишува Алсат.

Многу од граѓаните се поплакуваат на работата на лабораториите, главно приватните, за издавање неточни резултатите при контрола и анализа на крвта. Се случува и граѓани да направат анализа на крвта во две различни лаборатории во еден ист ден, а сепак да добијат различни резултати.

Од Алсат решиле да го проверат ова. На нивниот репортер (кој волонтирал, се разбира) му била земена крв во временска разлика од само неколку минути. И покрај тоа, различните лаборатории доставиле различни резултати по речиси сите параметри, почнувајќи од имунитетниот систем, ензимите, па до шеќерот и леукоцитите.

Контактираните доктори биле збунети и не знаеле на која крвна слика да се потпрат за да постават дијагноза.

Освен различните резултати, истакнува Алсат, лабораториите имаат и различни цени за една иста услуга.

За одговорот на Државниот здравствен инспекторат прочитајте во оригиналниот текст на Алсат.

 

- Реклама -