Колку информации се собрани во една личност? Не толку многу. Целиот генетски код се собира на едно USB од 1,5 гигабајти.
Veritasium во своето последно видео направија неколку калкулации и достигна до интересна бројка која ги вклучува молекулите во нашите тела, претставени како информативни единици.
Се разбира, во нашиот организам има многу клетки – околу 40 трилиони и секоја од нив ги содржи комплетните 1,5 гигабајти генетски код. Па практично реален човек во себе содржи околу 60 зетабајти (60 со 21 нули зад себе) информации.
Ова веќе е навистина голема сума – за споредба, пресметано е дека во 2020 година сите дигитализирани информации на глобално ниво ќе достигнал големина од 40 зетабајти. Од ова излегува дека ни треба многу информации за да создадеме едно човечко суштество.
Но! 99,9% од генетичката информација е споделена меѓу сите луѓе на планетата. Она што не прави да сме уникатни, е малку помалку од еден зетабајт.
Всушност, потребни се помалку од мегабајт промени во ДНК, за да направиме еден човек сосема различен од друг. Интересно зарем не?
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk