Највисокото дрво на светот е крајбрежна секвоја која се извива на неверојатни 115.6 метри над земјата – надминувајќи го својот претходник Stratosphere Giant за над 3 метри.
За посликовито, погледнете го споредбениов приказ од ILTWMT.com:
Се наоѓа во националниот парк Редвуд и го нарекуваат Хиперион, а е откриено од двајца туристи. За да ја заработи титулата за највисоко дрво, Хиперион е прецизно измерен од тим од научници од Humboldt State University, предводени од Стив Сајлент, користејќи навидум едноставен, но многу опасен технички метод кој вклучува качување на дрвото и пуштање (навистина долга) лента за мерење по стеблото.