Колку е висок идеалниот маж?

Многу жени мечтаат еден ден да се омажат за некој висок и згоден маж како Џорџ Клуни, Дејвид Бекам или Џерард Батлер, верувајќи дека со него ќе бидат среќни до крајот на животот.

Но, статистиките од реалниот живот покажуваат нешто друго. Статистиката покажува дека пониските мажи се далеку поверни и подоверливи партнери, заработуваат повеќе и вкупно гледано, претставуваат „подобар материјал“ за сопруг. Иако момчињата со нешто помал раст се на некој начин стигматизирани во општеството, тие се всушност вистинскиот избор, бидејќи на современата дама и е потребен маж кој има поинакви квалитети од чиста физичка сила.

Резултатите од најновата студија, со која се анализирани демографските податоци за 5.000 семејства во текот на три генерации, утврдено е дека пониските мажи поретко се разведуваат, речиси никогаш не ја изневеруваат партнерката, имаат солидни приходи и подготвени се да помогнат во домот.

- Реклама -