Колку чини прстенот на принцезата?

Прстенот на Војвотката од Кембриџ беше оценет на 300 000 британски фунти – десеткратно зголемување од вредноста на прстенот во 1981 година.

Првично тој и припаѓал на принцезата Дијана и бил оценет на 28 000 фунти, кога принцот Чарлс и го подарил за свршувачката.

 

Скапоцениот камен има 12-каратен сафир, кој е опкружен со 14 дијаманти и чини три пати повеќе отколку  прстенот на кралицата Елизабета, кој е во вредност од 100.000 фунти.

 

Вредноста и на двете кралски скапоцености сепак е бледа пред цената на ангажманскиот прстен на пејачката Бијонсе, која е проценета на 2 700 000 фунти во 2007 година.  Сега прстенот на Бијонсе се проценува на 5.8 милиони фунти.

- Реклама -