Kолку чини билет за шоуто на Victoria’s Secret?

Билетите за модна ревија на Victoria’s Secret веќе се во продажба. Шоуто, во кое учествуваат убавици како Керли Клос, Адријана Лима, Лили Олдриџ, Алесандра Амбросио, е закажано за 2 декември во Лондон.

Се очекува и оваа година, слично на минатата, на сцената да се појават и Кара Делевин и Дорда Денг. Цената на билетите за спектаклот почнуваат од 10 000 и достигнуваат до 12 000 фунти за едно место со вклучен влез за забавата потоа.

 

Освен тоа, организаторите нудат сместување во хотел со 5 ѕвездички, транспорт со лимузина и резервација во скап ресторан.

Шоуто на Викторија Сикрет се претвори во едно од најгламурозните настани во светот на модата. Компанијата организатор на шоуто го опишува како уникатен специјален настан.

Во минатите изданија на спектаклот на сцената се појавиле уште Тејлор Свифт, Кание Вест, Кејти Пери, Џастин Тимберлејк, „Спајс Грлс”, Стинг и „Дестинис Чајлд”, а меѓу публиката беа Џеј Зи, Бијонсе, Орландо Блум, Елтон Џон, Елизабет Тејлор, Марта Стјуарт, Лени Кравиц и Ева Лонгорија.

- Реклама -