Четиридневната свадбена церемонија на Џорџ Клуни и Амал Аламудин во Венеција, вклучувајќи коктел забава крај базен, вечери во ресторани и хотели со пет ѕвезди и претрупан свадбен прием на Големиот канал, чинеле 10 милиони евра, објавија „Дејли телеграф”. Над 100 гости, меѓу кои ѕвезди како Мет Дејмон, Сандра Булок, Синди Крафорд, Боно и Ана Винтур, пристигнаа во градот за прославата.
Ценчавката започна во петокот и заврши во понеделникот со граѓанската церемонија, со која Клуни и Амал Аламудин официјално се венчаа во матично.
Конечната цена на спектаклот ги вклучувала и трошоците за венчаницата на Амал, првите фотографии кој излегоа во понеделникот на насловните страници на списанијата „Пипл” и „Хелоу”.
Фустанот со бела чипка, создаден од Оскар де ла Рента, беше начичкан со стотици бисери и кристали и беше дополнет со долг превез до земјата.
Во цената на свадбата било вклучено дополнително ангажирање на водни таксисти за одведување на гостите кон и од различните места на прославите.
Меѓу другото, парот им подари на гостите iPod-и со специјална колекција со нивните омилени песни. Не е јасно кој платил за четиридневниот свадбен маратон. Италијанските медиуми јавуваат дека целиот настан бил платен од таткото на Амал, Ремзи, пензиониран професор од Американскиот универзитет во Бејрут. Според многумина, сепак зет му, кој е еден од најпознатите високоплатени актери во светот, исто така помогнал за покривање на трошоците. Италијанските медиуми не кријат восхитување од родената во Бејрут Амал, кој пристигнува во Велика Британија како дете, откако нејзиното семејство бега од граѓанската војна во Либан.
„Таа е позната адвокатка за човекови права во Лондон. Иако Клуни изгледаше елегантен во сивите костими, сите очи беа вперени само во елегантната англо-либанска адвокатка” Холивудскиот убавец бил “засенет” од неговата сопруга, која се појави во прекрасни тоалети за време на престојот во Италија.
Тој беше нешто како „придружник” на прекрасната невеста. Аламудин стана најновата модна икона во светот заедно до Војвотката од Кембриџ, принцезата Ранија од Јордан и шпанската кралица Летисија Ортиз.
Прочитај повеќе: Сестри во мода: Жалиме Кејт, г-ѓа Клуни додава доза магија во својот стил