Американската дентална асоцијација препорачува менување на нова четка за заби на секои три до четири месеци.
Ако имате протеза, на пример, тогаш вашата четка може побргу да се оштети, па во тој случај нема да чекате три месеци за да ја промените, туку тоа ќе го правите почесто.
Четките на децата треба многу почесто да се менуваат во однос на повозрасните.
Во случај да сте биле настинати, болни или ако сте имале инфекција во усната празнина, во тој случај веднаш би требало да ја промените четката за заби, дури и ако таа е нова.
Со тоа ќе го спречите понатамошното ширење на зарази.
Како да го продолжите рокот на траење на вашата четка:
-Мијте ја својата четка со ладна вода, пред секоја употреба за да го отстраните вишокот на останата паста за заби.
– Четката чувајте ја исправено, на отворено, да не доаѓа во контакт со другите четки
– Не ја делете четката со никого
самоздравје.мк