Моментално на планетава има околу 7.5 милијарди луѓе. Бројката е толку импресивна што не ни можеме да си замислиме толку луѓе на куп. Ама сепак, ајде тоа да не нé исплаши и малку подетално да ја разработиме замислата, со помош на Bright Side.
За почеток, 50.5% од светската популација живее во градовите, па прво ќе мора да ги убедиме останатите 49.5% да ги напуштат селата. А после треба да решиме каде ќе ги сместиме. Тоа во многу ќе зависи од густината на населението што ќе ја има нашиот замислен град. Еве како би изгледало, низ примери базирани на реалната состојба во светот. Чисто за пример, (според Завод за статистика) во 2015-та Македонија има густина на население од 80.5 жители на km², а Скопје (според Википедија, веројатно според последниот попис од 2002 година) – 3603.94 жители на km2.
Со густина на население слична на таа на Рејкјавик, Исланд, со 433 жители на km², градот би бил голем колку Русија. Од друга страна, малата густина на населеност на Рејкјавик е луксуз за еден денешен голем град, па оттаму и нашиот замислен град ќе зазема толку територија.
Со густина на население како во Квебек, Канада, со 1041 жители на km², градот би ја имал истата површина како Австралија. Таков град би бил оптимален за удобно живеење.
Со густина на население како во Чикаго, со 4.492 жители на km², градот би бил голем колку Иран. Се разбира, таквиот град би изгледал слично на Чикаго, како модерен мегаполис.
Но да не застануваме таму.
Со густина на население како во Сингапур, со 7.437 жители на km², градот би бил голем колку Египет. Денес Сингапур е еден од најгусто населените градови/земји, а зафаќа површина од само 719 km². Нашиот замислен град би изгледал апсолутно урбан и екстремно модерен.
Со густина на население како во Менхетн, Њујорк, со 27.826 жители на km², целото човештво би го собрало во град голем колку Нов Зеланд. Менхетн е добар пример за град во кој ниту едно парче простор не оди „фира“. Со ваква густина, човештвото би можело да живее на острови со многу лимитран простор.
Со густина на население како во Манила, Филипини, со 43.079 жители на km², градот би бил голем колку Уругвај. Манила се смета за најгусто населениот град на светот, со површина од околу 38.55 km². Во такви услови би можеле да ја смалиме територијата уште повеќе, но тешко дека на жителите на тој град би им се допаднало тоа.
Со густина на население како во сиромашните гета Dharavi во Мумбај, Индија, со 277.136 жители на km², градот би бил голем колку Белгија. Во моментов, сиромашните гета во Dharavi се еден од примерите со најголема густина на населеност на светот. Се разбира, во таков град жителите би биле далеку од среќни.
И на крај…
Со густина на население како во Kowloon, Хонгконг, со скоро 1.3 милиони жители на km², целата човечка популација би ја собрала во град голем колку Палестина. Во такви околности, човештвото би живеело на површина од 5.891 km².
Патем, многу слични пресметки направија и RealLifeLore.
Само замислете. 7.5 милијарди луѓе во еден град. Би сакале ли да живеете во него? Прашањето е реторско.