Трејлерот за серијата „Пингвин“, спин-оф на „Бетмен“ во кој главната улога ја игра Колин Фарел беше објавен на овогодинешниот Комикон.
Новиот трејлер го прикажува Пингвинот на Фарел како се пробива на патот до моќта низ улиците на Готам, полни со криминал. Тој пука со узи на автомобили и го контролира протокот на дрога преку својот клуб Ајсберг Лаунџ.
Фарел го пофали дизајнот и протетиката која му помогнала да се транформира во Пингвин, а дизајнерот на шминката Мајк Марино рече дека за изгледот на Пингвин со прекумерна тежина и лузни се инспирирал од Харви Вајнстин.
„Оз (Целосното име на Пингвин е Освалд Честерфилд Коблпот) е некој кој никогаш не бил виден. Неговиот лик е оскуден. Сака да биде нешто повеќе од тоа што е“ изјави Марино на Комикон.
Серијата „Пингвин“ ќе излезе на 19 септември на HBO и ќе има осум епизоди. Фарел ја повторува својата шокантна, негативна трансформација од „Бетмен“ на Ривс за оваа серија, која се случува една недела по завршувањето на приказната од филмот.
Дејството на серијата ќе го следи Пингвин, господарот на криминалот кој сака смртоносни чадори и кој е главен играч во криминалното подземје на Готам.
Извор: Н1