Колекција чевли посветена на бившите девојки

Обично, разочараните се справуваат со љубовните разделби горејќи ги заедничките слики, јадејќи благо или препивајќи се на забави. Чилеанскиот уметник и дијазнер, Себастијан Ерасурис има поинаков пристап. Имено, тој создава колекции на чевли, инспирирани и посветени на своите бивши девојки.

Тој потрошил повеќе од година, работејќи на колекцијата од 12 пара чевли, наречена „12 Shoes for 12 Lovers“, изложена на 6-ти декмври, во Мајами, Флорида. Ерасурис ели дека секој чевел е инспириран од жена со која раскинал. Сепак, имињата искористени во колекцијата не се вистински, што е и сосема разбирливо. Не е лесно да се справите со лутината на бивша девојка на која сте и посветиле чевли поради тоа што е „спонзоруша“.

срцекршачка
Наречени се Heart Breaker (срцекршачка) и се инспирирани од Лаура.
мед
Првите чевли се наречени Honey (душа, срцка) и се инспирирани од Наташа.
мртва ладна
Чевлите посветени на Софи се наречени Ice Queen (мртва-ладна).
плачка
Овој модел е наречен Cry Baby (плачка) и е посветен на Александра.
спонзоруша
Инспирација за чевлите Gold Digger (спонзоруша) е Алисон.

 

- Реклама -