Колач од тикви, брусница и урма

Здрав, вкусен и брз рецепт, за љубителите на слатките задоволства.

Состојки:

250 г. рендана тиква

3 лажички рендани кори од лимон

250 г. брусница

прстофат сол

250 г. путер

250 г. кафеав шеќер

5 јајца

350 г. брашно

125 г. мелени бадеми

2 лажици суво грозје

2 урми

кесичка прашок за пециво

125 мл. млеко

50 г. шеќер

Подготовка:

Изматете го путерот со кафеавиот шеќер и солта, додадете едно по едно јајце и миксајте додека не стане кремасто. Измешајте ги брашното, бадемите и прашокот за пециво и наизменично со млеко сипувајте во кремот од јајца.

Додадете тиква, урма и кора. Измијте ја брусницата и посипете шеќер. Обложете еден калап со фолија, распоредете ја брусницата, сипете тесто и печете во рерна на 180 степени околу 60 минути.

Оладениот колач извадете го од калапот, внимателно превртете го, отстранете ја фолијата, исечете на кришки и сервирајте.

- Реклама -