За да го направите овој вкусен рецепт, потребни ви се следните состојки:
220 г. интегрално брашно
80 г. шеќер
2 лажички прашок за пециво
прстофат сол
100 г. путер
4 големи јаболка
500 мл. млеко
40 г. густин
2 кесички ванилин шеќер
40 г. шеќер
2 јајца
50 г. ливчиња од бадеми
малку цимет
Подготовка:
Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта, јајцата, парчињата путер и замесете тесто.
Сипете во подмачкана округла тепсија и со прсти извлечете го тестото кон рабовите, околу 3 сантиметри во висина.
Излупете ги јаболката, исечете ги на четвртини, извадете ги семките, распоредете ги врз тестото и посипете со цимет.
Пет, шест лажици млеко измешајте со густин, шеќер и ванила, а остатокот сварете го, сипете во изматен густин и уште кратко гответе.
Тргнете го садот од рингла, посипете шеќер во прав, шеќер. изладете ја смесата, потоа додадете ги прво желчките, а потоа измешајте снег од белки.
Сипете врз јаболката, посипете со ливчињата од бадеми и печете во рерна загреана на 180 степени, околу 40 минути.