Кокаинот се враќа во рецептот за “Кока-Кола”

CS174087-01BБоливиската власт има намера на познатиот „кола-кола“ напиток да му го врати првобитниот рецепт со додавање на две билки, коката и колата, според оригиналната процедура за производство која уште од 1886 година ја осмисли американскиот офицер Џон Пембертон.

9874462984b5d8ed7be089311836146_origБоливиската власт има намера на познатиот „кола-кола“ напиток да му го врати првобитниот рецепт со додавање на две билки, коката и колата, според оригиналната процедура за производство која уште од 1886 година ја осмисли американскиот офицер Џон Пембертон.

Таквиот пијалок ќе може да го купи секој турист, што на оваа земја, како што очекуваат нејзините челници, ќе и помогне да го зголеми пласманот на кокаинот кој во Боливија се произведува легално. Во владата сметаат дека тоа претставува нормална мерка за „поддршка на аграрниот сектор“, беше објавено во локалните весници.

Идејата за „враќање кон изворите“ ја изнесоа селаните од боливиската област Кокачамба, а претседателот на оваа земја, Ево Моралес, им даде „топла подршка“.  Рецептот на Пембертон опфаќа, инаку, мешавина од екстракт од три дела лист од кока и еден дел од оревот кола. Со други зборови, во „вистинската“ боливиска „кока-кола“, кокаинот треба да биде едвај нешто помалку застапен од кофеинот.

Пембертон сметал дека кокаинот е нештетна замена за алкохолот и го препорачувал за помош на зависниците од морфиум, а со кокаинската кола лечел импотенција. Првобитната „кока-кола“, всушност, била патентирана за ништо помалку од „лек против сите нервни пореметувања“.

Во Боливија сега има 12.000 хектари земја легално засадени со кока, а наскоро, според проценките на локалните познавачи на ситуацијата, под плантажите на таа билка би можеле да се најдат и 20.000 хектари. Владата во Боливија, од друга страна, води борба против нелегалното производство на оваа опојна дрога. Секоја од тие илегални лабаратории е во состојба да произведе по 145 килограми од тој особено јак наркотик дневно, како што пренесува боливискиот печат.

- Реклама -