Која религија ќе биде најбројна до 2050 година?

Исламот ќе стане втора по големина религија во САД до 2050 година, според извештајот кој ја отсликува состојбата за движење на религиите во светот во следните 35 години.

Бројот на Христијани во САД ќе падне од три четвртини од популацијата, колку што бил во 2010 година, на само две третини во 2050 година, тврдат истражувачите.

Статистиката што ја открива Истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center) покажува дека процентот на атеисти ширум светот се очекува да падне за истиот временски период, додека Муслиманите ќе бидат побројни од Христијаните до 2070.

Истражувањето покажува дека иако Исламот е најбрзо растечка религија во светот во наредните четири децении, Христијаните ќе останат најголема група во 2050 година.

За тоа време, бројот на тие што не се наклонети кон ниедна религија, вклучувајќи ги и атеистите и агностиците исто така ќе се намалува и покрај тоа што нивниот број ќе се зголемува во земјите како САД, Велика Британија и Франција.

Според проекциите, во Европа до 2050 година Муслиман ќе биде еден од десет од севкупното население, а Христијанското население ќе се намали од 553 милиони на 454 милиони.

Според извештајот, Будистичката популација ќе остане приближно иста, но Хинду и Еврејската популација ќе бидат поголеми од денешните.

Извештајот открива дека пред пет години во светот имало 2,2 милијарди Христијан , што го прави Христијанството далеку најголема религиска група во светот, а Исламот е втора најголема религија со 1,6 милијарди од вкупната популација од 6,9 милијарди луѓе.

Се проценува дека до 2050 година ќе има 2,8 милијарди Муслимани и 2,9 милијарди Христијани.

Според „Дејли Телеграф“, извештајот сугерира дека зголемувањето на Муслиманската популација може да се должи на фактот дека следбениците на оваа вера се помлади, додека стапката на смртност на доенчињата се намалува.

Во меѓувреме, за четири децении се очекува во голем број земји да има промена во религиското мнозинство.

Проекциите се дека бројот на Христијаните ќе падне под 50% од населението во Велика Британија, Австралија, Бенин, Босна и Херцеговина, Франција, Холндија, Нов Зеланд и Република Македонија.

Нигерија и Република Македонија, според извештајот ќе постигнат Муслиманско мнозинство до 2050 година.

Овие наоди се добиени врз основа на голем број фактори кои се земени предвид како: возраста, фертилитетот, морталитетот, миграциите и религиските промени за „повеќе религиски групи од целиот свет“.

Во извештајот се вели „Во проекциите се земени предвид сегашната големина и распространетост на најголемите светски религии, старосните разлики, стапките на фертилитет и морталитет, меѓународната миграција“.

Авторите нагласуваат дека проекциите се базирани врз моменталните трендови и неодамнешните статистички податоци, но предвидувањата може да се сменат „како резултат на многу настани – научни откритија, оружени конфликти, социјални движења, политички превирања и промена на економските услови“.

Истражувачкиот центар Пју од Вашингтон ДЦ и Австралискиот Интернационален Институт за применети системски анализи , ги собирале податоците шест години, од 2500 пописи и анкети.

- Реклама -