Која му е омилена боја на светот?

Кога бевме деца, неминовен дел од запознавањето беше прашањето: Која ти е омилена боја? Сега некој се досети истото прашање да му го постави на целото човештво. Неодамнешната анкета на YouGov беше спроведена во 9 земји – Велика Британија, Германија, САД, Австралија, Кина, Малезија, Сингапур, Тајланд и Индонезија.

Според гласовите, омилена боја на светот му е сината. Најмногу ја сакаат Британците – 33% од нив гласале за истата, но доминира, и тоа убедливо и во другите земји.

Патем, и покрај малата разлика во преференците помеѓу мажите и жените, сината е првиот избор и кај двата пола. Ја избрале 40% од мажите, а 27% од жените, со што го урнаа стереотипот дека розевата му е омилена боја на женскиот пол.

Зошто толку сакаме сина? Психолозите сметаат дека го имаат одговорот – сината е боја што претставува искреност, доверливост и мир.

По се изгледа, луѓето сепак сакаат да живеат во љубов и хармонија.

chart1

 

- Реклама -