Одлуката зимскиот одмор во Швајцарија да го помине со девојката е повеќе од сериозен подвиг на принцот Хари знаејќи ја опасноста од папараци на секој чекор.
Но, овој пат се чини дека станува збор за голема и вистинска љубов. Русокосата Кресида Бонас, која инаку е модел, му прави друштво на помладиот наследник на британскиот трон, принцот Хари.
Изминатово лето кога за прв пат започнаа шпекулациите за нивната врска, тие мошне вешто успеаја да се сокријат од очите на јавноста, а по излегувањето на фотографиите со голиот Хари девојката реши да ја прекине врската и да го остави лекомислениот партнер.
По смирувањето, Кресида се запознала со дел од кралското семејство, а Хари се подготвува за запознавање со нејзиното семејство и тоа на свадбата на нејзината помала сестра.
Во 2009 година, принцот Хари ја прекина врската со Челси Деви, убава и образувана девојка од богато семејство со која беше во врска цели 5 години. Судејќи по сѐ, тие останале во пријателски односи, бидејќи поранешната девојка на Хари била поканета на свадбата на Кејт Мидлтон и Вилијам по што изјавила дека не сака да биде дел од кралското семејство.